сите важни информации

 

Подолу можете детално да прочитате се што е важно за сите производи, нивната достапност, времетраење на нивната изработка, подигнување и достава како и информации во врска со персонализираните нарачки кои треба да ги знаете пред да ја креирате вашата нарачка.
Скоро сите производи од палетата се рачно изработени и повеќето се достапни само во еден примерок и во различни периоди има различни достапни производи, со цел да се понуди разновидност и поголем избор.

РАЧНО ИЗРАБОТЕНИ ПРОИЗВОДИ

Рачно изработени производи (беџови, привезоци, обетки, магнети, подметачи за чаши, манжетни)

Кај овие производи нема наведено достапност бидејќи тие  можат да се нарачаат на страната во секое време без разлика дали во моментот ги има на залиха.
Доколку производот е достапен во продавницата, ќе бидете известени дека можете веднаш да го подигнете / се испрати до адреса.
Во случај кога производот во моментот го нема на залиха, времетраењето на изработка за еден ваков производ е од 7 до 10 работни дена.
За да добиете информација во врска со достапноста на некој од овие производи пред да ја креирате нарачката, во секое време можете да пишете порака на Инстаграм профилот на 5 до 12 за брз одговор.
Во изработката на овие производи може да се јават мали отстапки во однос на боите и нијансите поради тоа што се цртаат рачно.

ПЕЧАТЕНИ ПРОИЗВОДИ СО ДИГИТАЛНИ ИЛУСТРАЦИИ

Печатени производи со дигитално изработени илустрации (беџови, привеџоци, обетки, магнети, подметачи за чаши, честитки)

Кај овие производи има наведено достапност и истите можат да се купат само доколку се достапни во продавницата.
Поради специфичноста и комплексноста за нивната изработка, овие производи се изработуваат во поголеми количини периодично и не се изработуваат поединечно по нарачка.

TRADEMARK

TRADEMARK (привезоци и беџови со миленици)

Персонализираните производи со миленици се најспецифичните производи и главната атракција на 5 до 12.
Што е важно за нив?
За изработка на еден привезок или беџ од вашиот миленик е потребно да испратите фотографија со добра резолуција и светло каде убаво и јасно се гледа миленикот со сите негови важни детали кои треба да се истакнат на производот.
За овие производи бираме една слика според која ќе се изработи производот и за нив не може да се комбинираат повеќе слики.
Што значи тоа?
Тоа значи дека доколку има неколку слики на кои се гледаат различни детали, тие не можат да се комбинираат и од нив да се изработи производот.
Во случај да не сте сигурни дали фотографиите се добри за нивна изработка или имате потреба од било каква консултација пред креирање на нарачката, во секое време можете да пишете порака на Инстаграм профилот на 5 до 12 и да добиете брз совет во врска со вашата нарачка.
Во полето за опис е важно да ги наведете сите детали за вашиот миленик кои сакате да се истакнат или покажат на производот, а ние да дадеме се од себе да ги доловиме најдобро што можеме.
Откако се веќе изработени, производите не трпат промени од типот на: промена на формата, бојата, додавање на детали кои не се гледаат на сликата која е земена како референтен пример или гравирање на текст на задната страна.
Сите овие детали се дефинираат навремено при креирање на нарачката, односно пред нивната изработка.
Времетраењето на изработка за еден ваков производ е од 7 до 10 работни дена.

CUSTOM

CUSTOM (привезоци, беџови, обетки, магнети и манжетни)

Тука имате шанса вие да дизајнирате!
Што значи тоа?
Тоа значи дека доколку имате идеја која би сакале да се претвори во некој од горенаведение производи, ова е правото место!
Прво што треба да направите пред да ја креирате вашата нарачка е да пишете порака на Инстаграм профилот на 5 до 12 за консултација и совет во врска со вашата идеја.
Доколку идејата е возможна за реализација – ќе ги дефинираме сите потребни детали и цената на нарачката и со сите овие податоци можете да ја креирате вашата нарачка.
Во полето за опис треба да ги наведете сите важни информации кои сме ги дефинирале претходно заедно – тип на производ, важен детал што треба да се долови, бои, да ја одберете сумата која сме ја договориле и на која вие сте се согласиле и потоа да прикачите фотографија/фотографии.

Времетраењето на изработка за еден ваков производ е од 7 до 10 работни дена.

ПОДИГНУВАЊЕ И ДОСТАВА

-Нарачките и готовите производи може лично да се подигнат од продавницата во Скопје или да се испратат до вашата адреса во Скопје или друг град низ цела Македонија преку брза пошта (Еко Логистик) за што се доплаќа 150 денари.
-За нарачка од 3000+ денари следува бесплатна достава.
-Доставата се врши во рок од 2 до 4 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат недела, празници или други неработни денови).
-5 до 12 не зема одговорност за било каква оштета при достава на производот.
-Доколку нарачката е испратена по брза пошта и вратена во Скопје поради неодговорност на клиентот и неподигнување на истата, клиентот е должен да ги подмири сите додатни трошоци кои настанале во врска со доставата, во спротивно – нарачката нема да биде повторно испратена.

*Купувањето може да се изврши од било кој дел на светот, но доставата може да се спроведе само на територијата на Република Македонија.

РЕКЛАМАЦИЈА И ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

-Купувачот има право да направи рекламација на производ во случај да има било каква грешка направена од страна на 5 до 12 (испратен погрешен производ).
-Во овој случај средствата ќе бидат рефундирани во целост или доколку се согласи купувачот – ќе биде изработен/испратен нов производ.
-Купувачот има право да врати купен производ во рок од 5 дена од приемот на прозиводот, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
-5 до 12 го задржува правото да не ја прими рекламацијата доколку производот е користен или оштетен (од страна на купувачот или оштета при достава), доколку е направена нарачка по грешка и слично.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Со самиот пристап на интернет-страницата на „Креативна работилница 5 до 12“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

„Креативна работилница 5 до 12“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Сите производи, дизајни и цртежи се во сопственост на „Креативна работилница 5 до 12“ и не е дозволено да се препродаваат без дозвола. Нивната неавторизирана употреба е строго казнива.
5 до 12 е секогаш отворено за соработка само со претходно скучен договор помеѓу двете страни.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со самиот пристап на интернет-страницата на „Креативна работилница 5 до 12“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

„Креативна работилница 5 до 12“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

„Креативна работилница 5 до 12“ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, ЕМБГ, адреса, е-пошта и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. „Креативна работилница 5 до 12“ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

„Креативна работилница 5 до 12“ ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. „Креативна работилница 5 до 12“ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг-центарот кој ги процесира трансакциите за електронско плаќање.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ КОЛАЧИЊАТА?

Кога прв пат ќе ја пристапите било која страна на 5do12.com.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Кога ќе пристапите на страницата на “Креативна работилница 5 до 12” или ги користите услугите, 5 до 12 собира колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во Креативна работилница 5 до 12, на оваа веб страна и други онлајн и мобилни апликации.

Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата.

Кога прв пат ќе пристапите на било која страна на 5 до 12 може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на 5 до 12 и 5 до 12 нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ КОЛАЧИЊАТА?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на 5 до 12.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

КОЛАЧИЊА ШТО НИЕ ГИ КОРИСТИМЕ

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, 5 до 12 нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашата страна. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон 5 до 12. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашата страна. Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашата страна, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од 5 до 12 се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и 5 до 12 нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.