Со самиот пристап на интернет-страницата на „Креативна работилница 5 до 12“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

„Креативна работилница 5 до 12“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

„Креативна работилница 5 до 12“ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, ЕМБГ, адреса, е-пошта и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. „Креативна работилница 5 до 12“ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

„Креативна работилница 5 до 12“ ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. „Креативна работилница 5 до 12“ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг-центарот кој ги процесира трансакциите за електронско плаќање.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ КОЛАЧИЊАТА?

Кога прв пат ќе ја пристапите било која страна на 5do12.com.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.