Trademark

Што е важно за оваа нарачка?

Персонализираните производи со миленици се најспецифичните производи и главната атракција на 5 до 12. Што е важно за нив?
За изработка на еден привезок или беџ од вашиот миленик е потребно да испратите фотографија со добра резолуција и светло каде убаво и јасно се гледа миленикот со сите негови важни детали кои треба да се истакнат на производот.
За овие производи бираме една фотографија според која ќе се изработи производот и за нив не може да се комбинираат повеќе фотографии.
Што тоа значи?
Тоа значи дека доколку имате неколку фотографии на кои се гледаат различни детали, тие не можат да се комбинираат и од нив да се изработи производот.
Доколку не сте сигурни дали фотографиите се добри за нивна изработка или имате потреба од било каква консултација пред креирање на нарачката, во секое време можете да пишете порака на Инстаграм профилот на 5 до 12 и да добиете брз совет во врска со вашата нарачка.
Важно е навремено да ги наведете сите детали за вашиот миленик кои сакате да се истакнат или покажат во полето подолу, а ние да дадеме се од себе да ги доловиме најдобро што можеме.
Откако се веќе изработени, производите не трпат промени од типот на: промена на формата, бојата, додавање на детали кои не се гледаат на фотографијата која е земена како референтен пример или гравирање на текст на задната страна.
Сите овие детали се дефинираат пред нивната изработка.
5 до 12 може да ја одбие нарачката доколку фотографиите не се соодветни за изработка на производот.
Времетраењето на изработка за еден ваков производ е од 7 до 10 работни дена.

700 ден1.600 ден

SKU: Не е достапно Категорија

Дополнителни информации

Тип

Привезок, Беџ

Нарачај

Глава / 700 ден, Глава + инфо / 750 ден, Целосно тело / 800 ден, Целосно тело + инфо / 850 ден, Две глави / 1200 ден, Две целосни / 1400 ден, Три глави / 1600 ден